Со учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца, гo посетивме ООУ Страшо Пинџур – Вевчани, каде што имавме можност да ја споделиме иновативната идеја за рециклирање преку 3Д печатење, како пластичното шише да го претвориме во едукативно помагало.
Учениците од „Св. Климент Охридски“ се запознаа со целиот процес на подготовка на материјал за 3Д печатење од ПЕТ пластични шишиња и се информираа за функционалноста на 3Д печатачите. Ова е еден од начините како да ги поттикнеме младите да се вклучат во заштита на животната средина, користејќи иновативни технологии.
#ЗаедноЗаПриродата #ОдРециклиранаПластикаДоИновација #Едукација #Вевчани


