Денес имавме можност да споделиме знаење, инспирација и љубов кон природата со учениците од ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга во рамки на едукативната работилница на тема „Заштитени подрачја и нивната улога”.
Учениците преку интерактивни активности во Трајната поставка за природа „Патување низ природните богатства на Вевчански Извори” и теренска прошетка имаа можност да научат повеќе за биодиверзитетот, значењето на заштитата и улогата што сите ние ја имаме во неговото зачувување.
Благодарност до сите учесници за ентузијазмот и љубовта кон природата!
Активностите се дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори” финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.
#ЗаедноЗаПриродата #едукација #природа #споменикнаприродавевчанскиизвори #јабланица #трајнапоставказаприрода












