Во соработка со Јуроп Хаус Струга организиравме незаборавна едукативна работилница за дечињата од ООУ „Гоце Делчев“ – с. Јабланица во срцето на планината Јабланица а во која помогнаа и волонтерите од ООЦК-Струга ,,Мали чекори за големи промени”
Заедно со младите истражувачи:
Учествувавме во активности со најнова технологија – мерење трансекти, користење мобилни апликации за препознавање животински и растителни видови.
Научивме што значи да се биде Ренџер – чувар на шумите и водите, и како да ги заштитиме природните богатства околу нас.
Децата истражуваа, прашуваа, забележуваа, и со својата љубопитност ни покажаа дека секој мал чекор води кон голема промена.
Љубовта кон природата започнува со знаење – следи нè за нови активности!
Prespa Ohrid Nature Trust – PONT
#OutdoorLearning #GenerationRestoration #NatureForAll #ekosvest #europehouse

































