🚵♂️ Повик до сите љубители на планинскиот велосипедизам и природата!
Ве покануваме на уште една незаборавна велосипедска авантура:
„Планинска вело тура – Вевчанска Голина – Локва 2025“
📅 Датум: 6 јули 2025 (недела)
🕘 Почеток: 09:00 часот | Центарот на Вевчани
По успешната тура минатата година со над 130 учесници, оваа година продолжуваме со уште повеќе ентузијазам!
📌Рута: Центар на Вевчани – Вевчански Извори – Есејнца – Смолејца – Јанков Камен – Св. Климент – Горна Белица – Вевчанска Голина и назад преку Средни Рид до Вевчани
⛰️ Вкупна должина: 30 км | Елевација: ~1100 м | Тежина: 8/10
Дополнително: можност за 30-минутно планинарење до глацијалното езеро Вевчанска Локва – бисерот на планината Јабланица. ✨
🎽 За сите регистрирани учесници обезбедуваме:
✅ драјфит маица
✅ освежување
✅ ручек
✅ добра дружба
Учеството е бесплатно!
Пријавување:
Официјалното пријавувањето за настанот е затворено.
За да можеме навреме да ги изработиме маиците и да обезбедиме сè што е потребно за учесниците, пријавувањето беше затворено на 23.6.2025 година во 11:00 часот. ![]()
Сите што не се пријавиле во предвидениот рок ќе можат да учествуваат на настанот, но за нив нема да има стартни пакети (драјфит маици и сл.).
Ви благодариме на интересот, се гледаме наскоро!⚠️ Секој учесник учествува на сопствена одговорност и се обврзува да ги следи безбедносните насоки на организаторите.
📢 Настанот е организиран од Рупикапра МТБ Струга и Еко-свест Вевчани,
со поддршка од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори“, спроведуван од Еко-свест а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.
