Ве покануваме на премиерата на документарниот филм „Хармонија помеѓу човекот и природата“, посветен на заштитеното подрачје Споменик на природа Вевчански Извори.

Филмот раскажува инспиративна приказна за соживотот на локалната заедница со природата, низ лични сведоштва, прекрасни пејсажи и научни увиди.

Со учество на: Академик д-р Владо Матевски, Томе Алулоски, д-р Тошо Чочороски, Тихомир Мурџески и Васил Радиноски.

Режија: Сашо Алушевски | Камера и монтажа: Кети Талевска Бакревска

Премиерата ќе се одржи на 4 август (понеделник) – 20:00 часот во Амфитеатарот Вевчани. Проекцијата e дел од Вевчанско Лето 2025.

Ве очекуваме во Вевчани, под ѕвезденото небо и во прегратките на планината Јабланица!