Претходната недела во Маврово, растевме со текот на реките – преку учење, дружење и акција!
30 млади од Вевчани, Колашин и Ранилуг се собраа за да дознаат како да се вклучат во заштитата на реките во нивните заедници.
На обуките зборувавме за:
Активно граѓанство и како да се вклучиме во промени;
Анализа на засегнати страни и идеи за решавање проблеми;
Планирање локални иницијативи;
Важни теми како инклузија и критичко размислување.
Имавме и гости од Македонското здружение на млади правници, кои ни покажаа како преку закони и соработка со носители на одлуки може да се постигне вистинска општествена промена.
За време на студиската посета на Тресонечка Река во Националниот парк Маврово, учесниците:
Научија за влијанието од хидроцентралите врз природата, особено во заштитени подрачја;
Користеа фото-замки
и анемометри за мерење параметри на водата;
Идентификуваа над 120 видови животни и растенија! ![]()
![]()
![]()
![]()
Чистата река и водопадите, од кои можевме дури и да пиеме вода, беа вистинска инспирација!
Сега локалните групи започнуваат со развој на свои еко-иницијативи поврзани со реките – и тоа е само почеток!
#wegrowwiththeflow #youthforrivers #ProjectBOOST #BOOSTtheBalkan
ALDA – European Association for Local Democracy ALDA Balkans BOOST Balkans AFD – Agence Française de Développement


















