Денеска, заедно со Игор, Наум, Стефан, Виктор, Бобан и Константин од ООУ Страшо Пинџур – Вевчани се собравме и со многу труд и малку мака успеавме да склопиме три дрвени сталки. Не се тоа обични парчиња дрво – тие можат да се користат за разни намени: како држачи за книги во библиотеката, како поставки за цвеќиња во училниците, како носачи за карти или да се користат за ставање на постери при училишни настани, па дури и како практични помагала за наставниците кога сакаат нешто да прикажат пред класот.
Она што е најубаво во целата работа е што не купувавме нови материјали, туку искористивме дрвени летви и парчиња што инаку ќе завршеа заборавени или фрлени. Со други зборови, направивме вистинско рециклирање – од нешто старо создадовме нешто ново и корисно.
Кога ги завршивме, заедно решивме да ги донираме на училиштето. Така, нашата мала акција не е само вежба за работа со раце, туку и придонес за заедницата.
Вакви моменти покажуваат дека со малку креативност и заедничка работа може да се направи голема промена. Од едно обично попладне, создадовме нешто што ќе служи на идните генерации ученици. И најважно – научивме дека рециклирањето не е само збор, туку начин да му дадеш нов живот на материјалите и да придонесеш за своето место.
Активностите се дел од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори – Фаза 2“ спроведуван од Eko-svest, а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT
#заеднозаприродата#NatureForAll#ekosvest









