Денешниот Меѓународен ден на планините го поминавме во супер друштво и со супер енергија во училишниот двор на гимназијата “Д-р Ибрахим Темо” во Струга. Заедно со учениците му најдовме место на еден нов жител – млад Платан!

Ама, муабетот денес не беше само за разубавување на дворот.

Зборувавме за тоа како сè е поврзано. Планината не е некој далечен свет – таа е нашиот прв сосед. Кога Јабланица е здрава, здрави се и нашите населени места долу.

Ја споменавме и „газдарицата“ на планината – Кафеавата мечка. За да не ни се мешаат патиштата и за да живееме мирно сите, на мечката ѝ треба свој мир и густа шума горе. Тоа е најдобрата заштита и за неа, и за нас.

Затоа, денес само се загревавме. Догодина спремаме нешто многу поголемо! Правиме план за сериозна акција за пошумување на Јабланица. Сакаме да ѝ вратиме дел од шумата на планината и да ги обновиме домовите на дивите животни.

Благодарност на сите што помогнаа денес. Ова беше само почеток на една убава приказна што допрва ќе ја раскажуваме (и садиме).

Се гледаме на планина!

Активностите се дел од Прекуграничниот проект за заштита на кафеавата мечка- ТББЦ, кој го спроведуваат EuroNatur, Eko-svest, Македонско еколошко друштво, Protection and Preservation of Natural Environment in Albania и Καλλιστώ

#MountainDay#Jablanica#EcoFriendly#Action#BrownBear#Future#Nature#Пошумување#Природа