Вчера беше направен првиот чекор кон заштита на еден од нашите највредни природни бисери. Во просториите на Europe House Struga се одржа првата информативна средба која го означи официјалниот старт на кампањата #SaveJablanica.

Учениците од СОУ “Д-р Ибрахим Темо” и СОУ “Нико Нестор” покажаа дека младите не се само набљудувачи, туку активни двигатели на промените. Преку оваа прва сесија, се информиравме за природните вредности на Јабланица и ги поставивме темелите за тоа како се гради јавна кампања која информира, мобилизира и инспирира.

🎨 Што следува во наредниот период?
Од сега, па сѐ до септември, влегуваме во возбудлива креативна фаза. Ова не е само теорија – ова е вистински маркетинг процес каде преку истражување и креативност ќе создаваме решенија за подигнување на свеста за прогласување на Јабланица за национален парк.

Нашите тимови ќе работат на:

👕 Одржлива мода (носливи пораки кои го привлекуваат вниманието);
📸 Професионална фотографија и изложба која ја доловува магијата на планината;
🎬 Кратки документарни видеа со силни пораки;
📱 Дигитална содржина и постери кои ќе го освојат социјалниот простор.

Јабланица заслужува да биде заштитена, а гласот на младите е најсилниот инструмент за таа цел. Нашата мисија е јасна: преку истражување и уметност да покажеме зошто Јабланица мора да биде национален парк!

Активностите се дел од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори – Фаза 2“ спроведуван од Eko-svest, а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT

#заеднозаприродата #savejablanica