Во пресрет на утрешниот Меѓународен ден на реките, денес решивме да дејствуваме директно кај самиот почеток – на Вевчанските Извори. Нема чисти реки без здрави и заштитени извори!
Денешната акција за чистење беше вистински пример за тоа како младите можат да ја водат промената. Огромна благодарност до вредните раце на учениците кои се обединија за природата:
СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга
СОУ „Нико Нестор“ – Струга
ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани
Заедно покажавме дека кога станува збор за екологијата, граници не постојат.
Нашата порака е јасна:
Одржувањето на чистотата на Вевчанските Извори не е одговорност само на еден ентитет, институција или поединец. Тоа е одговорност на сите нас – на посетителите, на мештаните, на младите и на институциите. Природата не познава сопственост, таа ни припаѓа на сите и сите сме должни да ја чуваме.
Да ги чуваме изворите денес, за да имаме реки во кои ќе уживаме утре! ![]()
![]()
Активностите се дел од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори – Фаза 2“ спроведуван од Eko-svest, а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT
#zaednozaprirodata#youthforrivers#ekosvest#InternationalRiversDay#NatureForAll


















































