Изминатиов петок, просториите на Мултикултурниот центар во Вевчани беа исполнети со љубопитност и нова енергија. Ја одржавме воведната средба од програмата „Фотографија, цијанотипија и еколошка свест“, плод на соработката помеѓу Еко-свест и Зрно Фестивал / Zrno Festival.

На оваа прва средба, заедно со учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани, ја отворивме вратата кон светот на алтернативната фотографија и нејзината моќна врска со природата.

🔍 Што правевме во петокот? Наместо веднаш да земеме четки во рацете, овојпат се посветивме на суштината. Објаснивме што е тоа цијанотипија, како сонцето станува наш соработник во создавањето слики и зошто е важна еколошката свест во секој чекор што го правиме. Учениците се запознаа со планот за претстојниот период и ги поставија темелите за она што допрва ќе го создаваат.

Што следи? Вистинската магија допрва доаѓа! Во периодот што следи, се селиме на терен каде теоријата ќе стане пракса. Подготвуваме серија работилници на кои учениците низ креативен процес ќе ги создаваат своите први „сончеви отпечатоци“ и ќе ја изразат својата грижа за животната средина низ уметност.

Голема благодарност до Мултикултурниот центар за гостопримството и до сите ученици за нивното внимание и желба за учење. Едвај чекаме да видиме што сè ќе создадат нивните вредни раце! 💙🌱