Денес, заедно со учениците од Гимназијата „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга, младинците од ЦКА – ПХВ програмата и професорот Горан Ристовски создадовме мурал во дворот на училиштето, посветен на реките кои извираат од планината Јабланица. Оваа уметничка интервенција е симбол на нашата врска со природата и потсетник дека реките се живи артерии на регионот.
Преку боите и симболите на муралот, учениците ја изразија својата љубов кон природата и ја пренесоа пораката дека реките не се само водни текови, туку извори на живот, култура и идентитет.
Реките од Јабланица се крвотокот на нашата околина – тие ги поврзуваат живеалиштата, овозможуваат опстанок на ендемични видови и ја хранат земјата.
Планината Јабланица е нашиот природен штит и дом на ретки видови. Таа е белите дробови на регионот и чувар на биолошката разновидност.
Со создавањето на муралот, учениците не само што ја разубавија училишната средина, туку и испратија порака дека заштитата на природата е наша заедничка обврска.
Да ја сакаме и чуваме природата, затоа што сме дел од неа!
Активноста е дел од проектот „We Grow With The Flow – Youth For Rivers“, кој го спроведуваме преку BOOST Balkans програмата, со поддршка од AFD – Agence Française de Développement и ALDA Balkans.
#zaednozaprirodata#ekosvest#NatureForAll























