Почитувани,
Еко-свест ја објавува Програмата за грантови за 2026 година, со цел да ги поддржи граѓанските организации и нивните партнери во предводењето на промените кон праведно и отпорно општество.
Во оваа фаза на програмата, ги покануваме заинтересираните организации да достават концепт за нивната проектна идеја најдоцна до 31 јули.
Грантовите треба да бидат насочени кон постигнување на следните цели:
- Техничко застапување: Подобрување на капацитетите за анализа и застапување на еколошки регулативи (усогласени со ЕУ Поглавје 27).
- Институционален надзор (watchdogging): Обезбедување транспарентност и одговорност во носењето одлуки.
- Заштита на природата: Управување со заштитени подрачја и обнова на екосистеми.
- Практични решенија: Имплементација на пилот-проекти за декарбонизација и заштита на природата.
- Јавна свест: Подигање на климатската писменост и градење на граѓански активизам.
- Организациска отпорност: Градење на внатрешни управувачки вештини на организациите
Право на учество имаат граѓански организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, кои постојат и се регистрирани најмалку 4 години пред објавувањето на овој повик. Организациите се охрабруваат да формираат партнерства со други локални чинители (други организации, општини, бизниси и др.)
Вкупен фонд на програмата изнесува 21.500.000 денари. Грантовите може да бидат со износ од најмалку 1.200.000 денари и најмногу 4.300.000 денари.
Времетраење на проектите е од 12 до 14 месеци.
Предвиден почеток на спроведување на проектите е од 1 ноември 2026 година.
За повеќе информации и детали околу повикот и начинот на пријавување, ги споделуваме следните ресурси:
Програма за грантови на Еко-свест за 2026
Повик за концепти во рамки на Програмата за грантови 2026 година
Вашите прашања може да ги доставите преку Коментар под објавениот Повик.
Слободно дистрибуирајте ја оваа информација до сите ваши партнери и соработници.