Гостување на Дарко Ќитаноски од Еко-свест во „Ја сакам Македонија“

Историска победа за заштитата на природата: Како граѓанската наука стана глобален мандат на IUCN

Предлог-резолуцијата 126 на IUCN: „Унапредување на граѓанската наука за поддршка и демократизација на заштитата на природата“ е усвоена со навистина огромна поддршка.

Планинска вело тура – Вевчанска Голина – Локва 2025

Вевчани повторно беше центар на авантурата и спортскиот дух, откако успешно се одржа традиционалната Планинска вело тура „Вевчанска Голина – Локва 2025“ организирана од Рупикапра МТБ Струга и Еко-свест Вевчани, со поддршка од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори“, спроведуван од Еко-свест а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

Трајна поставка за природа "Патување низ природните богатства на Вевчански извори"

Ве покануваме на отворање на Трајна поставка за природа “Патување низ природните богатства на Вевчански извори”

Свеченото отворање ќе се одржи во петок 22 март, од 13 часот во Мултикултурен Центар “Коста Србакоски” Вевчани.

Туризам

Споменик на природата

Научни сознанија

Споменик на природата

Мултимедија

Споменик на природата

Бевме домаќини на најљубопитните млади истражувачи!

Бевме домаќини на најљубопитните млади истражувачи!

Имавме прекрасен ден исполнет со дружење, учење и многу забава со учениците од ООУ „Јосип Броз Тито“ - Струга и ПОУ „Јонче Крежески“ с. Мислешево. Нашата денешна еко-работилница ја поделивме во два возбудливи дела: Авантура во Трајната поставка за природа: Учениците...

read more
Експедиција низ Заштитеното подрачје “Вевчански Извори”

Експедиција низ Заштитеното подрачје “Вевчански Извори”

Изминатиот викенд, училниците ги заменивме со планински патеки, а учебниците со жив екосистем. Заедно со енергичните средношколци од Вевчани и Струга, се упативме на една поинаква авантура – едукативен хајк кој го нарековме 'Истражувачка експедиција низ Споменикот на...

read more
Синиот отпечаток на природата: Младите вевчанци создаваат магија низ сонце и вода!

Синиот отпечаток на природата: Младите вевчанци создаваат магија низ сонце и вода!

Нашата мисија за заштита на природата секогаш добива најмногу смисла кога низ креативност ги поврзуваме најмладите со нивното природно богатство. Изминативе денови, во срцето на Вевчани, заедно со учениците од ОУ „Страшо Пинџур“, реализиравме уникатни работилници за...

read more
Повторно поврзување на шумите на Јабланица за заштита на кафеавата мечка.

Повторно поврзување на шумите на Јабланица за заштита на кафеавата мечка.

На почетокот на овој април, спроведовме значајна акција за пошумување на планината Јабланица, насочена кон заштита на кафеавата мечка и останатиот див свет во овој регион. Клучни детали за акцијата: Опсег: Во рамките на Проектот за прекугранична заштита на кафеавата...

read more

ВЕВЧАНСКИ ИЗВОРИ

Вевчанските извори се наоѓаат на 900 м н.м. Во 1997 год. се прогласени за Споменик на природата. Од центарот на Вевчани до самиот локалитет, патот е асфалтиран и има околу 550 метри, а се стигнува за околу 7 минути со пешачење. Вевчанските извори се одликуваат со доста богата биолошка разновидност и се едни од најпосетените места во Македонија од домашни и од странски туристи.
За време на вечерните и ноќните часови, изворите можат да се посетат бидејќи се насекаде осветлени, поставени се и подводни рефлектори со што водата добива посебна убавина. Изобилството на вода, и пештерата од која таа извира е посебна атракција за привлекување на домашни и странски туристи, на самото место има маси со клупи за одморање, изграден е видиковец, а се наоѓаат и три помали цркви кои секогаш се отворени за посета. Локалитетот во изворот поседува инфо-табли од кои туристите можат да се информираат за биолошката разновидност во локалитетот.